Баерн Минхен сигурно чекори во германскиот шампионат, само неколку дена откако обезбеди пласман во 1/4 финалето во ЛШ елиминирајќи еден од големите фаворити за освојување на пехарот ПСЖ. Денеска во Минхен „падна“ Аугзбург, и тоа кога ќе се види по резултатот лесно со 5-3, но „Баварците“ на стартот имаа негатива.
Бериша во 3. минута го шокираше Минхен, но не за долго. Во 15. минута Кансело забива за 1-1, а после четири минути пресврт преку Павар. Павар погоди и во 35. минута за 3-1, а Сане во 45. минута ги реши сите дилеми околу победникот, не давајќи ниту искра надеж на Аугзбург за добар резултат.
Бериша со уште еден гол намали на 4-2 во 60. минута, но 14 минути подоцна Дејвис стрелаше за ново водство од три разлика. Кардона во судиското надополнување, ги постави конечните 5-3.
Лајпциг со 3-0 го совлада составот на Борусија Менхенгладбах и остана во игра за титулата. Лајпциг жестоко го казни промашувањето на пеналот на Плеа во 53. минута, па во 57. преку Вернер дојде до предност. Форсберг во 71. минута му покажа на Плеа како се шутира пенал, и зголеми на 2-0, а Гвардиол во 80. минута зголеми на 3-0.
Ајнтрахт Франкфурт направи голем кикс во битката за местата кои носат во Лигата на шампионите играјќи само 1-1 против Штутгарт на домашен терен. Ајнтрахт водеше со гол на Роде, а Силас во 75. минута израмни.
Херта на свој терен освои бод против Мајнц играјќи 1-1. Тимот од Берлин дојде до предност со гол на Нганкам, а Ахорге во 57. минута донесе израмнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА