Англија ќе биде сериозно ослабена за денешниот дуел со Чешка поради неиграњето на Бен Чилвел и на Мејсон Маунт, кои добија решенија за самоизолација поради контактот со шкотскиот репрезентативец Били Гилмор, кој ден по натпреварот меѓу двете селекции имаше позитивен тест на коронавирус.
Како клучна се покажа фотографијата од тројцата фудбалери на Челси, кои во непосредна близина еден крај друг го коментираат натпреварот што заврши 0-0. Англиските здравствени власти донесоа одлука на Маун и на Чилвел да им биде изречена самоизолација до 28 јуни, а иронијата да е уште поголема, шкотската репрезентација продолжува да функционира нормално, без ниту еден играч со исклучок н Гилмор би биле одредени вакви мерки.
„Молам да се јави некој и да ми објасни – како е можно Мејсон Маунт и Бен Чилвел, двајцата со негативни резултати на коронавирус, да мораат во изолација поради контактот со Гилмор, кога цела шкотска репрезентација, која со него дели хотел, соблекувална, автобус, авион, ресторан… може да игра натпреваљр без никакви рестрикции. Која е разликата меѓу Маунт и шкотските репрезентативци, ќе може ли некој да ми каже“, гласен беше во критиките чешкиот легендарен голман Петр Чех, кој ја извршува директорската функција во Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА