Падна договор: Ромеро се сели во Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид осигура уште еден важен потпис откако шпанскиот гигант постигна целосен договор со Тотенхем околу трансферот на Кристијан Ромеро.

Темпераментниот аргентински дефанзивец беше профил на играч каков што Диего Симеоне бараше за својот тим како нов „командант на одбраната“, а управата на мадридскиот клуб успеа да ја исполни оваа желба на трофејниот стратег.

Тотенхем бараше 50 милиони евра за Аргентинецот, но „спарси“ на крајот се согласија на отштета од вккупно 40 милиони евра, плус 15% од следниот трансфер на Ромеро.

Така, одличниот дфанзивец стана четвртото летно засилување на Атлетико Мадрид, по Грималдо од Баер Леверкузен, Кнг-ин Ли од ПСЖ и Хјулманд од Спортинг Лисабон.

Се вчитува...