Пакета: Лудо е – играв со Гатузо на плејстејшн, а сега ќе ми биде тренер

Милан има проблеми со креацијата на шанси и постигнување на голови, каде Џенаро Гатузо се надева на голема помош од Лукаш Пакета. Бразилскиот ас денеска и официјално беше претставен пред фановите на Милан, не криејќи ја желбата што поскоро да се наметне кај стручниот штаб.

„Можеби ќе ми биде потребно време за адаптација, но не се сомневам дека Милан е вистинскиот клуб за мене. Лудо е, секогаш играв со Гатузо на Сони плејстејшн бидејќи е голем борец, а сега ќе ми биде прв тренер во Европа. Ќе сторам се за да му ја оправдам довербата, се надевам дека ќе им помогнам на Игуаин и на Кутроне да постигнат што повеќе погодоци и да ги оствариме зацртаните цели за сезонава“ – истакна Пакета по потписот на договорот.

„Росонерите“ платија 35 милиони евра плус бонуси за трансферот на Пакета, кој би можел да дебитира за новиот клуб на мечот од Супер-купот на Италија против Јувентус закажан за 16 јануари.

Се вчитува...