Панатинаикос лесно се справи со бледата Црвена Звезда

Кошаркарите на Црвена Звезда загубија од Панатинаикос во Атина со 82-65 во 17. коло од Евролигата. Црвено-белите останаа на 15-та позиција во елитното натпреварување со шест победи и 11 порази, а Панатинаикос е, пак, на четвртото место со скор од 10 победи и седум порази.

Црвена Звезда не ја заврши импресивно првата полуетапа од евролигашката сезона.

Најрасположен во победата на Панатинаикос беше Динос Митоглу со 15 поени и пет скока, а го следеше Џереми Грант со 14 поени и три скока. Двоцфрен беше и Матијас Лесор со 13 поени и четири скока.

Кај Црвена Звезда се истакна Џоел Боломбој со 15 поени и пет скока, Немања Недовиќ заврши со ист ефект, а Митровиќ и Дос Сантош постигнаа по 12 поени.

Се вчитува...