Панче Стојанов сменет, Тренчовски в.д.шеф на стручниот штаб на Академија Пандев

Македонскиот прволигаш Академија Пандев одлучи да го смени досегашниот тренер Панче Стојанов и за нов в.д.шеф на стручниот штаб го именува Југослав Тренчовски. Тој ќе го води тимот се до пронаоѓање на ново трајно решение за тренерката клупа.

„Точно е, јас сум именуван за в.д.шеф на стручниот штаб на Академија Пандев. Но, клубот е во потрага по ново трајно решение за тренерската позиција, по што новоизбраниот стратег ќе си ги преземе обврските со сениорскиот тим“, вели за ЕКИПА, Југослав Тренчовски.

Академија Пандев имаше одличен старт на сезоната во Првата лига во својот дебитантски настап, но тимот западна во резултатска криза и долг период не знае за прволигашка победа.

Панче Стојанов останува во клубот и во иднина ќе биде координатор на младинските категории во Академија Пандев.

Се вчитува...