Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев по речиси еден месец, паузирајќи поради повреда, се врати на терените во Серија А. Капитенот на националниот тим се врати во 18. коло од италијанскиот шампионат во ремито без голови на неговата Џенова на гостувањето против Аталанта во Бергамо.
Пандев во игра влезе во 68. минута на местото на Пјаца, одигрувајќи ги последните 25 минути на натпреварот, но без посериозна можност за загрозување на противничкиот гол.
Македонскиот репрезентативец последен пат во Серија А настапи на 23. декември минатата година кога беше стартер во победата од 1-2 на Џенова на гостувањето против Специја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА