Пандев се повреди, не игра против Милан

Горан Пандев ќе го пропушти утрешниот натпревар на Џенова против Милан, по повредата што ја заработил на последниот тренинг на својот тим.

Италијанските медиуми информираат дека Пандев се пожалил на болка во грбот, не бил во можност да го доврши тренингот до крај, по што тренерот Маран во консултација со лекарите решил Пандев да не биде во комбинација за пресметката со „росонерите“.

Интересно, Џенова е последниот тим што го има победено Милан во италијанското првенство, на мечот одигран на „Сан Сиро“ уште пред почетокот на кризата со коронавирусот, а еден од головите за својот тим го постигна токму Пандев.

Се вчитува...