Пандев со честитка до Николов: Добредојде во Италија, брате

Бобан Николов вчера го комплетираше трансферот во италијанскиот второлигаш Лече, каде пристигне од редовите на унгарскиот Видеотон.

Меѓу првите кои му честитаа на македонскиот репрезентативец е капитенот Горан Пандев, кој на инстаграм постираше фотографија од Николов со новите клупски бои, со порака: Добредојде во Италија, брате…

Лече моментно се наоѓа на шестото место на табелата во Серија Б, а Николов и соиграчите во вториот дел ги очекуваат жестоки борби за влез во елитното италијанско фудбалско друштво.

Се вчитува...