Пандев за германските медиуми: За нас е чест што играме со Германија, првпат во историјата

Во последниот натпревар од мартовскиот собир за квалификициите за СП 2022, Македонија во среда гостува против Германија во Дуисбург.

Прва пресметка на Македонија се една од најтрофејните светски репрезентации во историјата, што секако носи посебен мотив и за капитенот Горан Пандев.

„Германија е секако фаворит за првото место во групата, но за нас останува фокусот за битка за втората позиција. Имаме компактен тим, составен од млади амбициозни играчи а со поддршка и од нас поискусните. Можеме да се надигруваме со секој противник. За нас е чест што играме против Германија, посебно и за оваа пресметка во Дуисбург која ќе е прва меѓусебна во историјата“ – вели Пандев во интервјуто за германски „Моргенспорт“.

Фудбалерот на Џенова верува дека овие натпревари ќе бидат една добра увертира за тоа што ја очекува Македонија во јуни и дебитанскиот настап на Европското првенство.

„Цела Македонија со нетрпение го очекува европското првенство. Ние, пак, се надеваме дека ќе биде дозволи одреден број навивачи на трибините па ќе има и атмосфера на стадионите. Ако треба да издвојам мој најголем успех во кариерата, тоа секако е учеството на Европското првенство со мојата земја, иако секако не може да се занемари освојувањето на Лигата на шампионите“ – вели Пандев.

Се вчитува...