Пари Сен Жермен си поигра со Монпелје (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен стигна до нова победа во француската Лига 1, откако во премиерниот меч од 21. коло го декласираше Монпелје со 4-0. Клучниот момент се случи во 19. минута кога голманот на гостите Омлин направи фаул над Килијан Мбапе по кој доби директен црвен картон.

Во 34. минута токму Мбапе донесе водство од 1-0, а се беше готово за само три минути во вториот дел. Прво Нејмар во 60. зголеми на 2-0, а минута подоцна веќе беше и 3-0 со голот на Мауро Икарди. Конечните 4-0 ги постави Килијан Мбапе со својот втор гол на мечот во 63. минута.

Со триумфот ПСЖ се одлепи на врвот на табелата со 45 бода, односн три повеќе од Лил кој има и меч помалку. Монпелје останува 11. со 28 бода.

 

 

Се вчитува...