Партизан скапо ја плати победата над Милано – Алекса Аврамовиќ со тешка повреда!

Партизан скапо ја плати синоќешната победа над Милано во Евролигата. Црно-белите би можеле долго време да останат без услугите на српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ, кој заработи тешка повреда уште кон средината на првата четвртина од натпреварот.

Доцна синоќа и тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ потврди дека се работи за сериозна повреда на Аврамовиќ.

„Се работи навистина за тешка повреда. Алекса има прелом на ногата. Колку ќе паузира ќе видиме, но сигурно ќе биде долго. Толку многу несреќни нешта ми се случија оваа година, тоа е нешто неверојатно“ – истакна Обрадовиќ.

Се работи за тешка повреда на подколеницата, коската кај листот на ногата и тоа што е сигурно дека го чека навистина долга пауза.

Се вчитува...