Партизан со неверојатна серија од 31-4, од -15 до супер-триумф над Милано

Кошаркарите на Партизан дојдоа и до седмата победа во Евролигата сезонава, триумфирајќи во нов драматичен натпревар пред своите навивачи со 82-69 против екипа на Милано.

Партизан првото полувреме го заврши со негатива од 39-44, а потоа и во третата четвртина дојде до негатива од 15 поени.

Но, клучно за триумфот на црно-белите беше неверојатната серија од 31-4 која започна во последните четири минути од третата четвртина и продолжи низ последниот период од играта. Па, Партизан од негатива од 15 минути, со таа серија успеа да дојде до +12 поени (76-64), што ја најави и конечната победа на крај од 82-69.

Најдобар кај Партизан беше Кевин Пантер со 19 поени, а Зак Ледеј заврши со 15 поени. Кај Милан, Шејвон Шилдс заврши со 19 постигнати поени.

Се вчитува...