Пелистер до прва победа со Еуро Никел во полуфиналето од плеј-офот

Кошаркарите на Пелистер може за малку „од готово – вересија“ во првата пресметка  од полуфиналниот плејоф со Еуро Никел во битката за финалето во трката за шампионската титула, но сепак на крајот дојдоа до посакуваната прва победа.

Битолчани во првата меѓусебна средба со кавадарчани пред својата публика славеа со 94-83, иако на полувремето имаа предност и од 25 поени.

Целата задача Пелистер, во секој случај, си ја заврши во првото полувреме кое го доби со извонредни 52-27, цели 25 поени разлика па низ вториот дел успеаја да ја одржат предноста и покрај тоа што гостите на три минути пред крајот успеаја да дојдат до минус осум поени (90-82). Но, Пелистер рутински во последните минути приведе до конечната победа од 94-83.

Најефикасен во победничкиот тим беше Малешевиќ со 27 поени, 24 поени запиша Кесар, а со по 11 поени завршија Крстајиќ и Младеновиќ. Кај гостите се издвои Џекиќ со 24 постигнати поени.

Следниот натпревар се игра во недела (29. мај) на кој домаќин ќе биде Еуро Никел, а евентуална мајсторска за место во финалето ќе се игра на 31. мај повторно во Битола.

 

Се вчитува...