Пелистер и Вардар како да е почеток на сезона – само втор натпревар за двата тима

Пелистер и Вардар се клубовите со најмалку одиграни натпревари оваа сезона, само еден, а сега во обид да се надoместат пропуштените натпревари двата тима ќе се соочат со густ распоред кој започува денеска со дуел во „Боро Чурлевски“.

Битолчани првиот натпревар во сезоната го одиграа пред речиси месец дена и забележаа убедлива победа против МЗТ Скопје Уни Банка на домашен терен, а во таборот на „зелено-белите“ владее оптимизам за преостанатиот дел од сезоната.

„Втор натпревар за нас и сите во екипата се надеваме дека конечно ќе играме без одложување, бидејќи навистина тешко е да се влезе во натпреварувачки ритам со еден натпревар месечно. Затоа и оваа утакмица е многу важна за нас пред дербито со Еуроникел. Без оглед на тоа што се работи за млада екипа нашата цел е, пред се’, да пристапиме многу сериозно и да ги исправиме грешките од првиот натпревар. Сеуште не сме во посакуваната форма, но сигурен сум дека од натпревар во натпревар, Пелистер ќе игра се подобро“ – изјави за ЕКИПА бекот на Пелистер, Бобан Стајиќ.

За разлика од Пелистер, Вардар првиот натпревар во сезоната го одигра претходниот викенд кога во неизесен натпревар на „Кале“ загуби со еден поен негатива. Избраниците на Јованчев се спремни за надмудрување, но ослабени влегуваат во овој состав.

„Пелистер е една од најдобрите екипа оваа година и сигурно претендираат за највисок пласман. Во претходните денови се обидовме да ги корегираме грешките кои ги направивме во дуелот со ТФТ, особено во одбраната. За нас дополнителен пех ќе биде неиграњето на Војче Лефковски, кој заработи повреда на последиот дуел. Согласно со тоа, Пелистер за оваа млада екипа ќе биде вистински тест за нашите можности. Се надевам дека повторно ќе донесе интересен дуел, без разлика што улогата на голем фаворит ја носи Пелистер“ – изјави за ЕКИПА тренерот на Вардар, Александар Јованчев.

Се вчитува...