Пелистер не запира со засилувањата, потпиша уште еден младински репрезентативец

Пелистер се пофали со уште едно ново име во своите редови за наредната сезона откако „зелено-белите“ потпишаа договор со Бојан Димитриев.

Станува збор за уште еден младински репрезентативец на Македонија, по Ќириловски, кој ќе му биде на располагање на новиот тренер Спасев во сезоната што следи.

„Уште еден младински репрезентатвец на Македонија следната сезона ќе го носи дресот на Пелистер. Нашиот клуб постигна согласност со репрезентативецот до 20 години, Бојан Димитриев. Се работи за 20-годишен кошаркар, висок 2024 сантиметри, а минатата сезона ја мина во дресот на Водно Санс. Клубот официјално ќе го претстави Димитриев на почетокот на подготовките“, објави КК Пелистер.

„Зелено-белите“ претходно ги потпишаа и Виктор Златевски, Иван Сапунџиев, младинскиот репрезентативец Ќириловски, Благој Димитриев и Американеците Камрон Мекдаувел и Алонзо Денинг, а од ланскиот ростер во тимот остануваат младите Лео Созовски и Наум Марковски.

Се вчитува...