Пелистер отпушти еден, донесе нов странец

Пелистер продолжува со подготовки за стартот на новата сезона, откако раководството на КФСМ денеска објави дека првото коло од новиот шампионат е закажано за 31 октомври. Тренерот Марјан Илиевски имаше доволно време за воигрување на своите кошаркари, а непосредно пред почетокот на сезоната е донесена одлука и за една рокада кога станува збор за странските играчи во таборот на битолчани.

Џастин Мартин нема да одигра ниту еден официјален натпревар за „пелистерци“ откако беше донесена одлука за прекин на соработката со овој кошаркар. Американецот не ги оправда очекувањата на стручниот штаб и на управата со недоволното залагање за време на тренинзите и контролните средби, по што беше решено договорот со него да биде раскинат.

Нов член на Пелистер од денеска е Никола Малешевиќ, српски кошаркар висок 202 сантиметри кој настапува на крилната позиција. Станува збор за кошаркар кој има играно во Романија и во Полска, а во таборот на „пелистерци“ доаѓа од редовите на Златибор.

Се вчитува...