Пенал им пресуди на Адеми и Динамо на гостувањето кај Салцбург (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми и неговиот Динамо Загреб загубија на гостувањето кај Салцбург со минимални 1-0 во натпревар од 3. коло во групата Е од новата сезона во Лигата на шампионите.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 71. минута кога Ноа Окафор од пенал донесе големи три бода за домаќинот. Во 94. минута Дрмиќ постигна гол за 1-1, но по проверка со ВАР тој беше поништен поради офсајд. Аријан Адеми го стартуваше натпреварот и ги одигра сите 90 минути, додека вториот Македонец, Стефан Ристовски натпреварот го помина на клупата за резерви.

Во вториот дуел во терминот од 18.45 часот Лајпциг на домашен терен славеше над Селтик со 3-1. Домаќините дојдоа до водство со голот на Нкунку од пенал во 27. минута. Гостите преку Жота на 1-1 израмнија во 47. минута. Ново водство за Лајпциг донесе Андре Силва во 64. минута (2-1), додека конечните 3-1 ги постави истиот фудбалер во 77. минута.

FC Salzburg [1] – 0 Dinamo Zagreb – Noah Okafor penalty 71’ from soccer

 

 


Standings provided by Sofascore


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...