Пенал – победа за Интер против Удинезе

Интер ја оствари десеттата победа во Серија А оваа сезона, совладувајќи го Удинезе на „Џузепе Меаца“ со 1-0. Тимот на Лучијано Спалети го прекина негативниот тренд од два меча без триумф.

Трите бода беа најавени со удар од белата точка. Капитенот Мауро Икарди во 75.минута со „паненка“ успеа да го реализира пеналот за Интер за водство од 1-0. Тоа на крајот се покажа и доволно за „нероаѕурите“ да слават минимална победа по која се наоѓаат на третата позиција на табелата со 32 освоени бода.

Се вчитува...