Пеп за голчиштето на Халанд: Тоа го можат само уште двајца

Манчестер Сити по два одиграни натпревари во Лигата на Шампионите има две победи, а за тоа најзаслужен е Ерлинг Халанд кој на мечот против Борусија Дортмунд постигна голчиште. Во 84. минута од мечот по нафрлувањето на Кансело, Норвежанецот постигна гол против својот поранешен тим кој ретко се гледа, а долго ќе се врти по најавните шпици.

По натпреварот тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардола доби прашање да го коментира голот, а Шпанецот одговори дека само уште двајца можат да постигнат ваков гол.

„Тие кои ме знаат свесни се колку ми значи Јохан Кројф како личност, учител, тренер, ментор, се… Пред многу години тој постигнат ваков неверојатен гол против Атлетико. Штом постигна гол Халанд веднаш извикав „Кројф“ бидејќи ме потсети на тоа време. Покрај него ваков гол може да даде уште Златан Ибрахимовиќ“, изјави Гвардола.

Се вчитува...