Пеп загрижен: Халанд се повреди на мечот против Борусија

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд се повредил за време на натпреварот против Борусија Дортмунд кој се играше синоќа. Тоа го кажа Пеп Гвардиола на прашањето зошто ја извади својата „гол машина“ уште на полувремето.

Изненадувачки, Гвардиола се реши да го смени Халанд и да ја смени тактиката, ставјаќи во игра Бернардо Силва.

„Имаше три моменти зошто го заменив Халанд. Прво видов дека е многу изморен, второ имаше мала настинка, и трето доби удар во ногата. Затоа не играше во второто полувреме. За време на паузата зборував со лекарите и тие беа загрижени, и покрај тоа што Халанд можеше да продолжи нормално. Ќе видиме што ќе се случува, но не сакав да ризикувам“, рече Гвардиола. 

Манчестер Сити со ова реми и дефинитивно го обезбеди првото место во групата, а второто место е резервирано токму за Борусија.

Се вчитува...