Петар Петковски продолжува во Конкордија

Конкордија Чиајна е новиот тим на поранешниот младински репрезентативец Петар Петковски. Крилниот фудбалер вчера „раскина“ со Ботошани, но се реши да остане во Романија и потпиша за тимот кој е член на втората лига во оваа земја.

Конкордија во моментов е на 9. позиција на табелата, со реални шанси да влезе во плеј-офот и да се бори за пласман во „елитата“ на Романија. Во моментов тимот има 23 бодови, додека последниот патник во плеј-офот Бузау има 26.

Во романската втора лига оваа зима замина и Виктор Ангелов кој стана нов член на Бузау. Претходно голманот Ристе Јанков стана член на Поли Јаши.

Се вчитува...