ПЛЕЈ-АУТ: Ангели го земаа скалпот и на Работнички

Иако следната сезона ќе настапат во втората лига, кошакарите на Ангели прикажуваат одлични партии во плеј-аут фазата каде на две кола до крајот успеаја да забележат повеќе победи, отколку во текот на целиот регуларен дел од сезоната.

Овојпат тимот од Кисела Вода славеше на гостувањето кај најтрофејниот клуб во мак-кошарката Работнички со 62-76. Гостите од Кисела Вода одлично го отворија мечот и по десет минути имаа предност од пет поени (13-18). Домаќините подобро заиграа во вториот период и на пауза успеаја да ја намалат негативата на три поени (32-35).

Избраниците на Боби Митев одиграа одлично во одбраната во третиот период и пред влезот во последните десет минути имаа и двоцифрена предност (44-55). До крајот го исконтролираа мечот за конечни 62-76.

Родни Хендерсон и Андреја Деолски со по 18 поени беа најефикасни во таборот на победникот, додека кај поразените со ист број поени заврши Горјан Марковски.

Се вчитува...