ПЛЕЈ-АУТ: ФМП го совлада Работнички, „Штркчињата“ се веќе второлигаши

ФМП Академија славеше на гостински терен кај Работнички со 87-92 во дерби натпреварот од 27. коло во плеј-аут фазата во кошаркарскиот шампионат на Македонија. Гостите подобро го отворија натпреварот и по десет минути игра имаа предност од 25-32. Домаќините одговорија на ист начин во вториот период па на пауза резултатот на семафорот изнесуваше 58-58.

Во вториот дел продолжи израмнетата игра на двете страни, а поголемата концентрација на гостите во завршните моменти беше клучна за триумф од 87-92. Тодоровски со 32 поени беше главен виновник за триумфот на ФМП, додека кај поразените Балмазовиќ заврши со 27 поени.

Куманово го испрати МЗТ Скопје 2 во втората лига откако славеше на домашен терен со убедливи 97-78. „Штркчињата“ на далеку поискусниот противник му парираа само во првата четвртина по која имаа негатива од минус три (25-22). Како изминуваше натпреварот кумановци само го полнеа обрачот на гостите за конечни 97-78. Марјановиќ со 28 и Јузбашиќ со 22 поени беа први имиња во таборот на победникот додека кај поразените Петровски заврши со 21 поен.

Се вчитува...