ПЛЕЈ-АУТ: Куманово се извлече со Ангели, ФМП потфрли и против МЗТ 2

Куманово стигна до нова победа во плеј-аут фазата од домашниот кошаркарски шампионат откако во еден тежок натпревар славеше на домашен терен против „фенерџијата“ Ангели со 84-80. Тимот од Кисела Вода одигра одличен натпревар против фаворизираниот противник, но немаше сила да направи целосна сензација, откако во клучните моменти кумановци беа посконцентрирани. Андрија Марјановиќ со 33 поени беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Рејм Бенџамин заврши со 19 поени.

ФМП Академија, по поразот од Ангели, потклекна и пред МЗТ Скопје 2, откако загуби на домашен терен со 88-89. Првата четвртина која гостите ја добија со убедливи (15-31) беше клучна за триумфот на „шткрчињата“.

Иако домаќините заиграа многу подобро во продолжението на мечот и успеаја резултатски да се вратат, на крајот сепак беа кратки за еден поен (88-89). Лука Петровски и Карло Блажевски со по 16 поени беше најефикасни кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 28 поени на Филип Бакоч.

Се вчитува...