По осум години максимален брејк во „Крусибл“ (ВИДЕО)

Крусибл е местото каде секоја година се игра Светското првенство во снукер. Вљубениците на овој спорт чекаа осум години за максимален брејк на најпрестижниот турнир во светот. Џон Хигинс стана само седмиот снукер играч на кој му успеало ова достигнување. Тој во мечот од второто коло против Курт Мафлин успеа да стигне до бројката од 147 поени во еден фрејм.

Последен пат максимален брејк во Крусибл видовме во 2012 година кога тоа за трет и последен пат во кариерата му успеа на Стивен Хендри.  Покрај Хендри три максимални брејка има и Рони О’Саливен, а по еднаш границата од 147 поени ја достигнуваа и Али Картер, Клиф Торбурн, Џими Вајт и Марк Вилијамс.

Се вчитува...