По вчерашниот пораз од Унион, Лајпциг на состанок за иднината на Марш

Екипата на Лајпциг денеска на состанок ќе одлучи за иднината на тренерот Јесе Марш. Вчерашниот пораз од Унион Берлин се чини ја прели чашата, па така на Марш тоа можеби му беше и последниот меч за Лајпциг. Вчера Марш не беше на клупата, поради тоа што е позитивен на коронавирус и е во изолација.

Но, избори од Германија велат дека Марш ќе добие шанса уште во последното коло во Лигата на шампионите. Лајпциг игра дома со Манчестер Сити, и ќе брка пласман во Лигата на Европа, со оглед дека првите две места се разервирани за Сити и за ПСЖ.

По поразот од Унион, директорот на Лајпциг истакна дека неговиот тим играл ужасно, и дека е заслужено поразен.

Лајпциг во моментов е далеку од врвот, односно е на 8. место со пет победи и дури шест порази. Марш дојде во Лајпциг од Салцбург, на местото на Јулијан Нагелсман кој замина во Баерн Минхен.

Се вчитува...