Победа го напушта Турново и против Шкупи ќе биде домаќин во Битола

Македонскиот прволигаш Победа го напушта Турново по само еден меч „домаќинлук“ и се враќа во Пелагонија, поточно во Битола. Клубот информира дека натпреварот од 21. коло во Првата лига против Шкупи дефинитивно ќе се игра в недела на 25. февруари, со почеток од 14 часот, на стадионот под „Тумбе кафе“ во Битола. Информација и дека влезот на натпреварот ќе биде слободен.

„ФК Победа АД ги повикува сите љубители на фудбалот и од Прилеп и од Битола за што помасовна посета и подршка на црвено-белите момци.  ФК ПОБЕДА АД се заблагодарува на Општина Битола што излезе во пресрет на нашиот клуб. Во името на спортскиот дух управата на ФК Победа АД ветува дека еден ден кога ќе има право на повторно располагање со Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,, во Прилеп несебично ќе го отстапува на користење на сите екипи, независно од која лига се, а кои ќе се најдат во ситуација во каква што е ФК Победа АД во овој момент“, истакнуваат од клубот. 

Се вчитува...