Победа и натаму „номадски“: Прилепчани ќе ја пречекаат Академија Пандев во Охрид

Прилепска Победа и натаму живее „номадски“ како домаќин во Првата лига на Македонија поради срамното одолговлекување со реконструкција на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Па, откако најпрво Победа беше домаќин на Пелистер во Турново, па потоа на Шкупи во Битола, сега во 23. коло од Првата македонска фудбалска лига прилепчани ќе ја пречекаат Академија Пандев во Охрид.

Натпреварот е закажан за в недела на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид со почеток од 14 часот.

Се вчитува...