Победата над Германија за напредок од три места на ФИФА листата

Македонската репрезентација напредуваше за три позиции, па сега е на 62. место на најновата ранкинг листа на ФИФА објавена денеска.

Триумфот над Германија во квалификациите за СП 2022, донесе скок од три позиции за Македонија која сега е пред Словенија и пред Црна Гора.

Од селекциите кои се во нашата квалификациска група за пласман на СП во Катар, Германија е на 12. место напредувајќи за една позиција, Романија е на 43. место (назадување за дури шест позиции), Исланд е на 52. место, Ерменија е на 90. место, напредувајќи за девет места, а Лихтенштајн е на 186. место.

На врвот на листата без промени на првите шест позиции. Прва е Белгија, пред Франција, Бразил, Англија, Португалија и Шпанија. Во Топ 10 се уште и Италија, Аргентина, Уругвај и Данска.

Се вчитува...