Почна „Панини-лудилото“: На Стефан Ристовски му се падна – Стефан Ристовски (ФОТО)

Од денеска и официјално во продажба е пуштен албумот со самолепливи сликички на „Панини“ за учесниците на ЕВРО 2020, на кој за првпат ќе може да се собираат и сликици од македонските репрезентативци.

„Лудилото“ започна, а меѓу оние кои први стигнаа до сликици се дел од македонските репрезентативци. Еден од нив е и Стефан Ристовски, кој на инстаграм-профилот се пофали дека една од првите сликици што ја добил е токму таа од – Стефан Ристовски.

„Тука почна се“, напиша Ристовски со фотографија од сликичката со негов лик, во близина на „Млечен“ во Скопје.

Се вчитува...