Почнува атлетското СП во Лондон, проштално за Болт, за Мо Фарах…

Во Лондон денеска почнува 16. Светско првенство во атлетика кое по многу нешта се очеклува да биде посебно. На „Олимпискиот стадион“ во Стратфорд за последен пат ќе настапат неколку ѕвезди кои вбо изминатата деценија ставија огромен белег во историјата на овој спорт. Своите последни трки во кариерата во Лондон ќе ги истрчаа Усаин Болт, а збогум на атлетиката ќе и каже и ѕвездата на долги патеки, Мо Фарах.

bolt trening

Болт во својот прошателн настап во Лондон ќе настапи во трката на 100 метри и во штафетата 4х100 м. На ова последно СП во неговата кариера, светскиот рекордер нема да гопо видиме во трката на 200 метри. Болт одлужи да настапи само во две дициплини и да победи.

„Сакам да ја завршам кариерата како победник. Ги исполнив сите свои цели и време е за збогум. На спортот му донесов блескави резултати и многу забава“ – изјави Усаин Болт пред својот прошателн настап на СП во Лондон.

Mo-Farah

После Лондон, атлетиката ќе остане посиромашна за уште една голема ѕвезда. Британскиот атлетичар Мо Фарах исто така најавува победнички крај на својата богата кариера. Специјалистот за долги патеки, во Лондон атакува на шеста двојна титула на 5.000 и на 10.000 метри. Походот на Фарах почна токму од Олимпискиот стадион во Лондон на Олимпијадата во 2012 година. Во изминатите шест години, Британецот освои две двојни титули на светските првенства, една на европските и две на олимписките игри.

Покрај Болт и Фарах, има уште неколку атлетски имиња кои се очекува да остават посебен белег на ова СП во Лондон.

wayde-van-niekerk

Вејд ван Никерк од Ј.Африка (200 м. и 400 м.) многумина го сметаат за наследник на Болт кој ќе го преземе приматот во светската атлетика по повлекувањето на спринтерот од Јамајка. Тој е актуелен рекордер, светски и олимписки шампион на 400 метри. На ОИ 2016 во Рио Јужноафриканецот победи на 400 метри и го урна рекордот на Мајкл Џонсон од 1999 година со време од 43.03. СП во Лондон  за Ван Никерк е нов предизвик и шанса одново да ја помести границата.

felix

Во Топ 5 најголемите ѕвезди на СП во Лондон е и Алисон Феликс, која може да  биде атлетичарката со најмногу медали во историјата. Американската спринтерка на СП во Лондон ќе се натпреварува на 400 м., на 4х100 м. и на 4х400 м. Алисон Феликс има 13 медали од светските првенства од кои девет злата, три сребра и една бронза. Во Лондон таа може да го надмине рекордот на Мерилин Оти која има 14 медали од светските првенства и да стана новата светска рекордерска со најголем број освоени медали на светските првенства. Во оваа „трка“  покрај Алисон Феликс е и Усаин Болт кој исто така има 13 медали од светските првенства и во Лондон ќе брка уште еден рекорд за крај.

Се вчитува...