Погба им се смачи и на соиграчите, го напушта Јунајтед во јануари

Францускиот интернационалец Пол Погба е на излезна врата од „Олд Трафорд“. Неговото однесување веќе им се здомачило и на соиграчите и тој има се помалку приврзаници во составот. Менаџерот Жозе Мурињо подолг период не е во најдобри односи со играчот за врска, по што може да се очекува играчот за врска веќе во јануари да ја промени средината. Манчестер јунајтед очекува да го врати вложените финансиски средства, околу 100 милиони евра, а за таков трансфер има две реални опции. Погба би можел да се врати во Јувентус или да замине во Барселона. Неговиот агент Мино Рајола ја турка идејата Погба да се пресели на „Камп Ноу“, затоа што таму би можел полесно да ја наплати посакуваната провизија.

Јувентус го сака Погба назад во Торино, но многу пореално е во зделката да го вклучи и левиот бек Алекс Сандро, кој се поврзува со трансфер во Манчестер јунајтед. Барселона ја чека разврската со незадоволниот Артуро Видал, кој сака поголема минутажа и можеби ќе си замине по само шест месеци, а Погба би бил идеално решение за средниот ред во составот на Ернесто Валверде.

Се вчитува...