Погба избрал погрешно: Требало да потпише за Реал, се кае за враќањето на „Олд трафорд“?!

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба, наводно се кае што се вратил во редовите на „црвените ѓаволи“ по заминувањето од Јувентус. Француските медиуми тврдат дека Погба направил грешка со тоа што одлучил да се врати на „Олд трафорд“, наместо да ја прифати понудата од Реал Мадрид и да го облече „кралскиот“ дрес во летниот преоден рок во 2016 година.

Французинот во последните неколку натпревари се почесто е незабележлив на теренот, па Жозе Мурињо нема друг избор туку да му ја скратува минутажата, односно да го вади од игра во последните минути од мечевите. Играчот за врска наводно не бил задоволен од тактиката на португалскиот стратег. Со доаѓањето на Алексис Санчез во формацијата на Јунајтед се направи голема ротација, па сега Погба има повеќе дефанзивни обврски, што го спречуваат да биде покорисен во нападот. Екс-фудбалерот на Јувентус се пожалил кај неговиот тренер за оваа работа и побарал да му најде друга улога во стратегијата со која би имал поголемо влијание врз играта, односно повеќе да учествува во нападите.

Преселба во Реал Мадрид моментално е невозможна мисија, „кралевите“ имаат друг план за засилувања на лето, а и тешко дека би се остварил трансферот со оглед на тоа дека Погба е најскапиот играч во историјата на англискиот гигант и малку веројатно е дека тала лесно би се откажале од него. Во едно такво сценарио, Реал треба да понуди двојно повеќе од сумата која Јунајтед ја плати за неговите услуги (105 милиони евра), за да го доведе Погба на „Сантијаго Бернабеу“.

 

Се вчитува...