Погледнете го станот на Роберт Левандовски во Варшава, вреден дури осум милиони евра (ВИДЕО)

Роберт Левандовскси, според многумина најдобриот фудбалер на светот во последните две години, во 2016 година купи стан во Варшава вреден осум милиони евра. Станот се наоѓа во кулата Злота 44 која е висока 192 метри а полскиот напаѓач од станот има поглед на целиот град.

 

 

 

 

Зградата располага со теретана, кино, мини голф, базени и спа.

„Кулата ги нуди некои од најдобрите станови во Полска, а спортскиот центар во неа ми овозможи да тренирам кога сакам. Само кратко возење со лифт ме дели од базенот, теретаната или масажата. Тоа ми беше најважно кога купував стан“, кажа фудбалерот на Баерн, кој заработува околу 400.000 евра неделно.

 

 

Се вчитува...