Погледнете ја тројката со која Ефремовски му донесе победа на Гостивар во Битола (ВИДЕО)

Гостивар успеа да стигне до првата победа во Суперлигата откако славеше на гостувањето во Битола против Пелистер со 71-72 во крајно неизвесн натпревар. Гостите благодарение на одличната втора четвртина имаа и убедлива предност на полувремето (25-40), но домаќините возвратија во третата четвртина во која стигнаа и до изедначување па мечот беше одлучен во последните десет минути.

Неизвесноста продолжи и во нив, а победникот го добивме на 13 секунди пред крајот кога Виктор Ефремовски погоди тројка од таблата за големо славје. „Зелено-белтие“ го имаа последниот напад на средбата, но не реализираа па гостите ставија крај на серијата од два порази во низа.

Се вчитува...