Погледнете како Хортон и Смит го „срушија“ МЗТ Скопје на „Кале“ (ВИДЕО)

ТФТ успеа да стигне до првата победа против МЗТ Скопје во прволигашките натпревари откако во 1. коло од Суперлигата славеше на домашен терен со 73-69 во неизвесна завршница.

Аеродромци беа убедливи на почетокот на последните десет минути со што стигнаа до предност од 60-64, но откако не ги искористија шансите за дополнително зголемување на позитивата стигна казната од Ландриус Хортон и Амир Смит.

Бекот постигна девет поени, додека центарот додаде клучни четири за целосен пресврт и големо славје. Камбекот на ТФТ погледнете го во видоето подоле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...