„Покер“ на Агуеро, нова победа за Сити

Манчестер сити стигна до 23.победа во Премиер – лигата оваа сезона, откако на „Етихад“ го совлада Лестер со убедливи 5-1. Сега „граѓаните“ имаат 16 бода предност во однос на градскиот ривал Манчестер јунајтед, кој утре му гостува на Њукасл.

Рахим Стерлинг го отвори резултатот уште во третата минута, а израмни Џејми Варди во 24.минута. Потоа на сцена стапи Серхио Агуеро, кој постигна дури четири гола.

На стартот на вториот дел, во 48.минута, повторно го доведе Манчестер сити во водство, а само пет минути подоцна зголеми на 3-1.

Во 77.минута го постигна својот трет гол на овој меч, а во завршницата со прекрасен удар од 16 метри стигна и до „покер“.

Се вчитува...