Покетино без девет првотимци на дебито за ПСЖ

Маурицио Покетино утревечер ќе го има своето деби на клупата на ПСЖ, на незгодното гостување против Сент Етјен. Аргентинскиот стратег пред само неколку дена ја презеде контролата над францускиот првак, одржа тренинзи, но немаше премногу време да ја наметне својата фудбалска филозофија врз играчите.

Згора на тоа, Покетино се соочува со огромни проблеми со составот, па за утрешниот дуел со Сент Етјен нема да може да смета дури на девет првотимци. Листата на отсутни фудбалери ја предводи Нејмар, кој се уште не е „фит“ по повредата заработена на дербито со Лион минатиот месец, а од напаѓачите повреден веќе подолго време е и Мауро Икарди. Плејмејкерот Рафиња е позитивен на Covid-19 и се наоѓа во самоизолација, а Покетино нема да може да смета ниту на Паредес, кој неодамна заработи повреда.

Покрај овие четворица, дебито на новиот тренер ќе го пропуштат и Флоренци, Кимпембе, Данило, Курзава и Бернат.

Во една ваква ситуација, Покетино ќе тргне со Мбапе и Кеан во нападот, помогнати од Ди Марија и од Верати.

Се вчитува...