Покетино го освои првиот трофеј со ПСЖ, па се зарази со корона

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино е позитивен на коронавирус, потврдија од францускиот клуб. Тој се чувствува добро и веднаш заминал во изолација. Покетино во средата триумфираше во суперкупот на Франција против Олимпик Марсеј, со што по само три поминати меча на клупата на „светците“ успеа да стигне до првиот трофеј.

На натпреварот против Анже кој ќе се игра викендов клубот ќе го водат неговите помошници Жезус Перез и Мигел Д’Aгостино.

 

Се вчитува...