Покетино и ПСЖ – што ќе донесе Аргентинецот во Париз?

Томас Тухел е минато на „Паркот на Принцовите“, медиумите низ светот веќе го промовираа Маурицио Покетино за нов стратег на францускиот клуб, а навидум познат е и списокот на играчи кои Аргентинецот ги носи со себе.

На врвот на желбите на поранешниот тренер на Тотенхем е Кристијан Ериксен со кој одлично соработуваше во Лондон. Интер сака да се ослободи од Данецот, а се по извесна е замената со Паредес, кој впрочем е и желба на Конте. Се споменува и Деле Али кој е отпишан од Мурињо, но за него ПСЖ ќе треба добро да „искешира“.

ПСЖ сака да се ослободи од Дракслер и евентуално во своите редови да го донесе Дибала, кој не е задоволен во Јувентус. Интерес има и за Серж Орие кој игра добро во Тотенхем, но неговиот договор со лондонскиот клуб е до 2022 година.

Се вчитува...