Покетино кажа “ДА“- Агуеро пред трансфер во ПСЖ

Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино e новиот тренер на ПСЖ. Во новата година од 2 јануари тој официјално дојде во Париз, а предизвиците и очекувањата од фановите се големи. На првиот натпревар на клупата на ПСЖ, Покетино освои бод на гостувањето кај Сент Етјен, а до крајот на месецот Покетино има желба да направи промени во тимот. Тој има план да донесе нови играчи од врвен квалитет и да се ослободи од оние кои веќе подолго време седат на клупата.

Според последните информации на француските медиуми, на врвот на листата со желби на новиот стратег се наоѓа Серхио Агуеро. Аргентинецот има договор со Сити до крајот на сезонава, летово ќе стане слободен игра, па „светците“ ќе можат без никаква отштета да го доведат на „Паркот на принцоите“. Покетино смета дека неговиот сонародник би се вклопил одлично во центарот на нападот, во кој се и Мбапе и Нејмар.

Доаѓањето на Агуеро ќе значи и дефинитивно заминување на Мауро Икарди, кој сезонава се мачи со повреди и се подготвува за преселба од Париз. „Светците“ во меѓувреме се во преговори со Евертон за целосно да го откупат договорот на младиот Кеан, кој ги оправда очекувањата по позајмицата од таборот на „карамелите“.

Се вчитува...