Покетино: Не признавам ѕвезди, секоја лоша игра ќе значи „греење“ на клупа

Маурицио Покетино има успешно прилагодување во Пари Сен Жермен, пред се со наметнување на авторитетот, односот и комуникацијата со играчите. „Владеењето“ на Нејмар и на Килијан Мбапе со соблекувалната на „светците“ е завршена работа со доаѓањето на аргентинскиот стратег, кој веднаш им ставил до знаење на двајцата голгетери кој е „шеф“ во тимот.

Според весникот „Паризиен“, Аргентинецот на состанок гласно им порачал на сите фудбалери нема проблем да ги отстрани најдобрите од тимот, доколку забележи дека се „глуви“ за клупската дисциплина. Покетино потенцирал дека нема да има големи промени во интензитетот на работа, а на играчите им укажал дека методологијата на работа ќе биде иста, но дека нема да има отстапувања од кодексот на однесување и дисциплина. Токму тоа беше главен проблем на неговиот претходник Томас Тухел, а Покетино нема намера да ја повтори грешката на Германецот и со давањето преголема слобода на Нејмар и на Мбапе да го загуби авторитетот врз остатокот од тимот.

Засега, сè е во ред, никој не се сомнева дека Покетино ќе ја одбрани титулата со ПСЖ, но вистинскиот испит доаѓа за две недели. Имено, се чека продолжението на Лигата на шампионите, а ПСЖ за противник ќе ја има Барселона, двомеч од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Се вчитува...