Полицијата го заплени кокаинот на „Меси“

Полицијата на Перу се најде во интересна и несекојдневна ситуација, откако запленија нешто помалку од еден ипол тон кокаин со брендот „Меси“ на секој од пакетите. Името на аргентинската ѕвезда често се користи кога се работи за нешто најдобро, па јужноамериканските дилери се досетија да го искористат неговото име за да докажат дека нивниот производ е најдобар.

Полицијата пронајде точно 1417 килограми кокаин со етикетата „Меси“, а се проценува на вредност од 85 милиони евра. Според информациите од полицијата, кокаинот бил подготвен за белгискиот пазар.

peru-drugs-seizure2-513289020170323101844

https://www.youtube.com/watch?v=qH7Q23vNe_A

Се вчитува...