ПОЛУВРЕМЕ ЛШ: Наполи доминантно со Ливерпул, Баерн до минимално водство против Интер (ВИДЕО)

Наполи има предност од 2-0 на полувреме против Ливерпул во премиерниот натпревар од А групата во новото издание во Лигата на шампионите. Италијанскиот тим одигра неверојатно прво полувреме, а избраниците на Лучијано Спалети може да жалат што предноста не беше и поголема.

Наполитанците до водство стигнаа со голот на Зјелински од пенал уште во 5. минута. Многу лесно можеше да биде 2-0 веќе во 18. минута, но Алисон успеа да го одбрани новиот пенал за домаќините кој не го реализираше Осимен. Сепак, Наполи стигна до водство од 2-0 со голот на Ангиса во 31. минута, додека до крајот на првиот дел Симеоне во 44. минута зголеми на 3-0.

Баерн Минхен води со минимални 0-1 на гостувањето кај Интер во Ц сегментот. Стрелец на голод за водство на Баварците беше Лирој Сане во 25. минута. Барселона има водство од 3-1 против Викторија Плзен во истата група.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1. КОЛО: 

Атлетико М. – Порто  0-0

Барселона – Викторија Плзен 2-1

Бриж – Баер  1-0

Интер – Баерн   0-1

Наполи – Ливерпул  3-0

Тотенхем – Марсеј  0-0

 

Napoli [2] – 0 Liverpool – Zambo Anguissa 31′ from soccer

 

Inter 0 – [1] Bayern München – Leroy Sané 25′ from soccer

 

 

Се вчитува...