Поради коронавирусот откажан тениски турнир во Кина

Тенискиот турнир во кинескиот град Шиан е откажан поради епидемијата од корона вирус, известија од ВТА. Турнирот требаше да се игра во средината на април, но поради епидемијата која ја зафати Кина тој нема да се одигра.

Повеќе од 2100 лица починаа од коронавирусот досега, а поголемиот дел од нив се во Кина што предизвика голем број на откажани спортски натпревари меѓу кои е и Големата награда на Кина во Формула 1 шампионатот која требаше да се одржи на 19 април.

Од ВТА се уште не информираа дали ќе биде откажан и турнирот во северно корејскиот Кунминг кој треба да почне на 27 април.

Се вчитува...