Поради лошиот терен: Шкупи бара од ФФМ ист критериум за Кратово, како и за Чаир!

Раководството на Шкупи денеска од органите на ФФМ побара да донесат одлука со која нема да може да се игра натпреварот на чаирчани против Силекс од 23. коло на лошиот терен во Кратово.

Од Шкупи, кои исто така поради невозможни услови за игра не можат да настапуваат во Првата лига на својот терен во Чаир, бараат од ФФМ ист критериум за Кратово, како и за Чаир.

„Фудбалскиот клуб Шкупи бара од органите ФФМ, натпреварот од 23. коло, кога треба да бидеме гостин во Кратово, натпреварот да не се игра на Градскиот Стадион во Кратово, бидејќи не ги исполнува ни минималните услови за одигрување првентствени натпревари. Поради истата причина, од есенската полусезона и во првите кола од пролетниот дел, нашата екипа не ги игра првенствените натпревари на стадионот во Чаир, бидејќи според Натпреварувачката комисија тој стадион не може да добие зелено стветло. Бараме од ФФМ одлуките што таа ги носи да бидат исти за сите, така што цврсто веруваме во одлуката што треба да ја преземе, и да испрати Комисијата за да се види теренот во Кратово, и натпреварот од 23. коло да се одигра на стадион кој ќе ги исполни условите за двете екипи, да играат прекрасен фудбал и во нормални услови“ – се вели во соопштението од ФК Шкупи до нашата редакција.

Се вчитува...