Поради позитивни на Ковид-19 во редовите на Куманово, се одложува мечот со МЗТ Скопје

Натпреварот од 9. коло од Првата македонска кошаркарска лига меѓу Куманово и МЗТ Скопје кој требаше да се одигра денеска од 17 часот е одложен поради потврден случај на позитивен од коронавирус во редовите на кумановци.

„МЗТ Скопје Аеродром му излезе во пресрет на Куманово и прифати одложување на денешниот дуел поради еден потврден случај на позитивен на Ковид-19. Новиот термин на одигрување дополнително ќе биде одреден“ – информираа од таборот на „металците“.

Се вчитува...