Поранешен велосипедист суспендиран бидејќи му помагал на синот со допинг

Поранешниот австриски велосипедист Јохан Линхарт е суспендиран на десет години со работа во овој спорт, бидејќи на својот син, кој е професионален триатлонец му обезбедувал нелегални супстанци.

Австрискиот антидопинг комитет соопшти дека 60 годишникот го снабдувал син му со нелегални супстанци од декември 2018 до март 2019 година.

Неговиот син Флоријан Линхарт е двократен шампион на Австрија во триатлон, а на допинг тест падна во 2019 од кога е привремено суспендиран, пред во февруари годинава да добие четиригодишна суспензија. Јохан Линхарт е еден од најдобрите австриски велосипедисти на сите времиња, а во текот на 80-тите три пати учествуваше на Летните олимписки игри.

Се вчитува...