Рубен Аморим пристигна на „Олд Трафорд“ како голема надеж за иднината на Манчестер Јунајтед, но не само што не успеа да се наметне, туку освои само 31 бод на 31 одигран натпревар со што е убедливо најлош тренер во Премиерлигата доколку се земат во обѕир натпреварите по неговиот ангажман.
Англиските медиуми веќе шпекулираат со негов отказ особено по поразот од Манчестер Сити по новиот лош старт на сезоната. А, пак доколку раководството на „црвените ѓаволи“ се одлучи за овој потег Аморим нема долго да чека за нов ангажман.
Тој е прв кандидат за превземање на легендарниот португалски клуб Бенфика кој високо го цени знаењето на стратегот кој правеше чуда со Спортинг на домашната и интернационалната сцена.
Мала е веројатноста дека Аморим самиот ќе си поднесе оставка од Манчестер Јунајтед, но во ситуација да добие отказ голема е веројатноста дека ќе се врати назад во татковината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

